Трансфер на енергијата на Моханџи

Моханџи создаде еден метод, Трансфер на енергијата на Моханџи (TEM), за квалификуваните следбеници да ја канализираат неговата енергија и ефикасно да ја пренесат на примачот. TEM му помага на примачот да постигне усогласување на телото, умот, интелектот, егото и духот. Кога сме поусогласени, спонтано стануваме поприемчиви. ТЕМ додава подлабока димензија на медитациите на Моханџи. За повеќе информации за TEM, ве молиме контактирајте не на sadhana@mohanji.org.
Трансферот на енергијата на Моханџи (TEM) е свет подарок на Дата Традицијата за сите вистински духовни трагачи. Тој додава подлабока димензија на медитациите на Моханџи и неговите моќни ефекти ги доживуваат илјадници луѓе ширум светот. Каналите на Моханџи ја црпат духовната енергија преку свеста на Моханџи и доставуваат ТЕМ преку нивните раце до челото и корона чакрите на примателите, според упатствата што се споделуваат со нив кога тие ќе станат Канал.
Намерата на Моханџи е ТЕМ да пренесува духовна енергија слично како кога тој дава Шактипат. ТЕМ се доживува како најљубезна, најтопла енергија која му помага на примателот да постигне усогласување на телото, умот, интелектот, егото и духот. Кога сме поуслогласени, спонтано стануваме поприемчиви, што помага за поголема свесност.
Додека ТЕМ првенствено се дава за време на водените медитации на Моханџи, тоа може да се направи и во одредени други ситуации се додека просторот е осветен и се исполнети одредени други услови. Пример може да биде после Свесно одење, на пример, ако тоа е погодна средина.
Се дава само од личност на личност и од поединци кои формално се назначени како Моханџи канал од Садана тимот, или биле петходно одредени од Моханџи да го работат тоа. Ако не сте сигурни дали има Моханџи канал во вашата област и би сакале да дознаете, или ако едноставно сакате повеќе информации за трансферот на енергијата на Моханџи, пишете му на Садана тимот на sadhana@mohanji.org.

Доколку се чувствувате силно поврзани со Моханџи и би сакале да им служите на луѓето во вашата заедница со тоа што ќе станете Моханџи канал, ве молиме пишете на sadhana@mohanji.org. Постојат одредени обврски во животниот стил кои се бараат од Каналите кои ќе бидат целосно откриени од Тимот откако ќе им пишете.