МЕДИТАЦИИ

meditate

Медитацијата му носи мир на оној кој медитира, но и на неговата околина и на заедницата воопшто. Кај поединецот се развива способност за простување, благодарност и живеење во хармонија. Како што секојдневно се грижиме за чистотата на нашето физичко тело, исто така е важно да ја одржуваме чистотата на нашиот внатрешен простор со тоа што ќе се ослободиме од сета негативност, а во тоа медитацијата може да ни помогне.

Медитираме за да дојдеме до себе и да се поврземе со нашата душа. За време на медитацијата, ние ги надминуваме сензациите што ги примаме преку сетилата. Умот со кој патуваме во надворешниот свет во будна состојба, го користиме во медитација за да се нурнеме во себе каде што се наоѓаат нашиот извор, вистина и душа. Таму е мирот. Таму е и радоста. Кога ќе ја сретнеме нашата душа која го надминува просторот и времето, ќе го доживееме и изворот на самата душа – Божествената свест и ќе се споиме со неа.

Медитацијата ја започнуваме со затворање на очите и изразување благодарност на Божествената свест во форма на интензивно чувство. Потоа дишеме, концентрирајќи се на здивот, така што нашата енергија се смирува. Следно, ги испејуваме звуците „А-У-М“, концентрирајќи се на соодветните центри во телото. Со ова го прочистуваме надворешниот простор, како и нашиот внатрешен простор. Конечно, се препуштаме на водена медитација со релаксирачка музика.

При заеднички медитации учесниците добиваат и т.н трансфер на енергијата на Моханџи: Оној кој е инициран во енергетски трансфер ја става раката на главата на медитантот и на просторот помеѓу веѓите, така што енергијата на Моханџи се спушта и ги расчистува енергетските блокади на примателот низ суптилните канали низ кои тече животната енергија. Преносот на енергија е реален, а неговите ефекти варираат од личност до личност. Промената може да биде физичка, ментална, интелектуална или духовна. Доволно е да го насочите вниманието на просторот во вас, бидете отворени и опуштете се. Повеќето луѓе велат дека се чувствуваат лесно по трансферот на енергија. Доколку не сакате трансфер на енергија, задолжително нагласете го ова на организаторот на медитацијата.

shaktipat

Уште од 2007 година, кога Моханџи ја одржа првата медитација „Моќта на чистотата“ во Дубаи, илјадници луѓе ширум светот ги имаат почувствувано придобивките од медитациите на Моханџи.

purity

Моќта на чистотата

40-минутна медитација за внатрешно чистење

„Моќта на чистотата“ го ублажува стресот на различни нивоа. Заштитува од ударите и влијанијата на секојдневието. Моќта на чистотата не оснажува и ослободува. Тоа носи благодарност за постоењето. Го доведува расеаниот ум во состојба без мисли. Ја гаси желбата за прашања. Таа ни носи задоволство и стабилност. Дава цел и го исполнува животот со вера и надеж. Таа нè поврзува со највисоката свест.

Ако сакате да ја одржите чистотата што сте ја постигнале за време на медитацијата, бидете свесни за секоја своја мисла, збор и дело. Сè што внесувате во себе треба да биде чисто, а чисто е она што е несебично и добронамерно.

360 степени

75-минутна медитација за развивање на свеста

Нормално, сите сме ориентирани напред, функционирајќи во 120 степени. Не можеме да ги видиме преостанатите 240 степени зад нас. Овие преостанати 240 степени дефинитивно постојат, но ние не ги забележуваме. Ова се случува поради нашите ограничени сетила. Кога границите на нашите сетила се скршени и нашето ниво на свест се шири околу нас, ние стануваме центрирани во ‘рбетот. Стануваме целосно избалансирани. Ќе функционираме од областа на нашата повисока свест, ќе исчезне немирот, стравот, вината и ќе преовладува безусловна љубов, сочувство, целосна смиреност.

Кога сме ориентирани на ‘рбетот, тоа е голема промена. Тренингот за да бидете свесни за 360 степени ќе помогне во вашата духовна еволуција. Ќе станете неограничени.

Цутење на љубовта

30-минутна медитација за поврзување со Божествената свест

Оваа медитација му овозможува на поединецот да расте во чувството на безусловна љубов, која во својота кулуминација води до состојба во која чувствувате дека го содржите целиот универзум во себе. Не учи да го препознаеме постоењето на нашата бесконечна свест, како и да го разбереме нашиот однос со универзумот. Медитацијата „Цутење на љубовта“ е погодна и за деца кои сакаат да го започнат своето духовно патување.

Блаженството на тишината

30-минутна медитација за да ја проширите вашата свест и да го откриете вашето вистинско јас

Оваа медитација првенствено ни помага да станеме свесни за нашето физичко битие и полека да се споиме со тишината. Ја зголемува свесноста, ви овозможува да се поврзете со врвната свест и да примите милост. Медитацијата „Блаженство на тишината“ ја проширува вашата свест за да го откриете вашиот вистински идентитет.

Слобода

10-минутна медитација за деца кои се справуваат со анксиозност.

Оваа медитација им помага на децата да процветаат во просветлени млади луѓе кои зрачат со вера и доверба. Практиката започнува со користење на здивот за поврзување на Мајката Земја со небото, што ги доведува децата во состојба на леснотија и слобода што им дава прекрасно чувство на ослободување и целосна релаксација.

Практикувајќи ја оваа медитација секој ден, детето учи да се справува со своите стравови и гради верба и самодоверба за полесно да се справи со секоја ситуација.

jagannath

Шри Џаганата

40-минутна медитација за поврзување со Кришна.

Кришна, во неговата најмилосрдна форма е Шри Џаганата. Присуството на Шри Џаганата во нашиот внатрешен простор не исполнува со неизмерна радост и задоволство и чувство да се биде едно со него. Ова спојување ни овозможува да го почувствуваме Шри Џаганата во секој со чиста безусловна љубов и добронамерни мисли, зборови и дела.

Секој пат кога се практикува оваа медитација, се случува длабоко внатрешно исцелување, хармонија и подмладување. Го наоѓате новото „ЈАС“ – вистински одраз на Шри Џаганата со вибрации на благодарност, љубов и сочувство.