КРИЈА НА СВЕСНОСТ

Крија на свесност е моќна техника која му овозможува на трагачот да води живот на ослободено постоење, т.е. живот со целосна слобода – слобода од оковите на нашиот ум и неговите стеги (ограничувања). Оваа техника му била дадена на Моханџи со цел да го води човештвото кон ослободување.
Крија на свесност започнува со иницирање во одредена техника, но всушност е животен стил на понизност, ненасилство, благодарност и чистота. Кога се практикува доследно со посветеност, Кријата на свесност може да се опише како ракета кон духовна еволуција и ослободување.
Иницирањето во Крија од страна на Гуру е од суштинско значење. Ова овозможува поврзаност со принципот на Гуру, кој заштитува и воздигнува. Растот на патот на Крија се случува во фази, а иницирањето кон повисоките Крии се заснова на нивоата на воздигнување во свеста постигнати преку посветеност, убедување, ангажираност и доследност во практикувањето.
Зошто да практикуваме Крија на свесност?
Ако се практикува со уверување, вера и доследност, Кријата на свесност е исклучително ефикасна техника и средство за оваа цел.
Патувањето е од утробата на мајката до утробата на врвната свест. Кријата е мост помеѓу овие две, мост до се посуптилни нивоа на свесност и помага да се зголеми нашата свесност.

Придобивки
- Пат до состојба „без мисли“
- Ослободено постоење од сите стеги
- Целосно прифаќање на себеси и животот
- Растворете ги сите идентитети
- Постигнете единство со универзумот
- Само за озбилни духовни трагачи
Пријавете се
Кријата не треба да се споделува и да се разоткрива од страна на иницијаторот. Тоа е моќна водечка светлина, чиста и незагадена и носи долга традиција на светост и почит, која треба да се заштити и зачува.
Секоја година на глобално ниво се планираат повеќекратни интензиви на Крија на свесност каде што иницираните и ново одобрените апликанти се здружуваат за да ги научат техниките и да практикуваат интензивна Крија во центрите за моќ како Босна, Ширди, Ганешпури итн. Проверете ја страницата за програми за повеќе детали или пишете на kriya@mohanji.org за повеќе информации.