КОЈ Е МОХАНЏИ

Моханџи е филантроп и хуманитарец. Тој е основач на Амукер, АЦТ Фондацијата, Моханџи Фондацијата, Хималајската школа за традиционална јога, танц, јазик, боречки вештини и Светската Алијанса за Свесност. Тој го посвети својот живот за да му служи на светот. Тој е љубител на човештвото кој верува дека човечноста е најдобрата религија за луѓето. Човечноста над сите бариери создадени од човекот како што се каста, боја, вера, националност и култура. Неговата љубов се протега на сите суштества на земјата и тој оди по патот на ахимса (ненасилство) во мисла, зборови и дела. Тој се води од уверувањето дека сите ние треба да ја оставиме земјата како подобро место за живеење откако ќе заминеме од неа.
Неконформист по природа, Моханџи избегнува да се става во рамки и се гледа себеси како пријател на светот – било да е тоа помагање на сиромашните и беспомошните, зајакнување на оние кои се во емоционално или ментално измачување, водење на оние кои бараат личен и духовен развој, грижа за птиците и животните или грижата за животната средина воопшто.
Природата на Моханџи зрачи со природата на грижлива мајка, најдобар пријател, посветен семеен човек, луциден филозоф и љубезен водич, кој безусловно ја нуди својата помош и поддршка. Не е ни чудо што секој човек се поврзува со него поинаку, на свој уникатен начин. Моханџи вели: „Јас сум она што сметате дека сум“.
Ослободувањето е камен-темелник на учењата на Моханџи каде тој ни укажува каде да гледаме, но не и што да видиме. Тој става голем акцент на ослободувањето од врските, концептите и навиките на животот. Тој самиот практично го покажува тоа со тоа што води живот ослободен од врзувањата и условувањата на умот – сосема природен, со целосно прифаќање на животот како што доаѓа без отпор, без оглед на луѓе, време, простор, ситуации или концепти.
„Вистинското мајсторство е владеењето на сопствениот ум“. вели Моханџи, кој тврди дека духовноста се изразува во свеста со која живееме и го доживуваме нашиот секојдневен живот. Тој го застапува патот на беспатието каде што спонтаноста и проточноста се сè што постои; да бидете целосно свои!
Тој верува во романтикување на животот, пристапувајќи кон секоја животна ситуација со вчудовиденоста и љубопитноста на новородено дете кое е без предрасуди и осуди.
Тој вели: „Кога го гледаме Бога во секое битие, можеме да имаме само романса во нашите срца затоа што го романтикуваме Бог преку секое битие“.


Клучни столбови на филозофијата на Моханџи
Тој дава особено значење на чистотата, верата, безусловната љубов и несебичното служење кон ближните од сите видови, како основа и столбови на урамнотежено човечко постоење. Тој ја смета молитвата на благодарност како највисока молитва која го зголемува внатрешното богатство и привлекува и милост и изобилство.
Неговата утринска молитва е: „Ти благодарам што ми дозволи да ти служам уште еден ден во овој свет“, што е проследено со дополнително прашање: „Што уште можам да направам за светот денес?“ Тој ги охрабрува сите да го прават истото и постојано да ја проценуваат вредноста на нивното постоење на земјата според вредноста што ја додале на светот, во рамките на нивниот капацитет и опсег на влијание.
Духовноста е начин на живот
Како семеен човек и поранешен корпоративен професионалец, Моханџи верува дека духовноста е дел од секој аспект од животот, докажувајќи го тоа со неговиот сопствен пример во животот.
Тој ги игра сите улоги во својот живот најдобро што може – одговорен син, љубезен сопруг и татко, поддржувачки пријател, охрабрувачки водич и непоколеблив граѓанин. Во секој аспект, Моханџи ја извршува својата улога до совршенство.
Иако неговиот јавен живот започнал во 2012 година, неговото патешествие било напорно да стигне оттаму до неговото сегашно ниво на глобално препознавање. Никогаш не се плашел да чекори сам и покрај многуте пречки, приговори, предавства и падови на тоа патување. Доаѓајќи од релативна анонимност, тој се издигнал до глобално признание преку неговото служење, љубов и цврсто уверување во хуманоста.
Тој верува дека неговото присуство на земјата се должи на милоста и поддршката на моќната традиција на ослободување и на различните мајстори кои живееле во вечна слобода следејќи ја таа традиција.

Награди и признанија
Моханџи го има посветено својот живот на несебична служба за светот. Како признание за сите неговите активности тој има добиено голем број награди и титули кои ги одразуваат неговите достигнувања за мир и за подобрување животот на сите битија во светот.
Авадута Надананда му ја доделува титулата „Брахмариши“ (октомври 2016)
На поволниот ден на Виџајадашами (октомври 2016 година), во Курноол се одржа детална церемонија по повод доделувањето на титулата „Брахмариши“ на Моханџи од Авадута Надананда (Гуруџи). Церемонијата беше испланирана и изведена од Гуруџи со извонредна прецизност. Врв на церемонијата беше доделувањето на титулата „Брахмариши“ на Моханџи. Како што објасни Гуруџи, тој го преземаше овој чекор под директно водство од Гуру Мандалата.
Светска награда за мир Шивананда (ноември 2018)
На Моханџи му беше доделена „Светска награда за мир Шивананда“ од принцот Ишвар, претседател на Фондацијата за мир Шивананда како признание за неговата непрестајна работа и постојана посветеност на подигање и грижа за сите битија кои имаат соживот на Земјата, и за неговата безгранична енергија, поттик и придонеси за поттикнување единство и мирни општества во сите земји и во сите култури и вери.
Зулу палка на мировниот воин (ноември 2018)
За време на неговата посета на Јужна Африка во 2018 година, Моханџи беше награден со „Зулу палка на мировниот воин“ од неговото височество кралот Гудвил Цвелитини – потомок на кралот на Зулу Шака. Палката е симболична претстава на „сила и моќ“. Воинствените палки според древниот обичај на Зулу, се даваат на витезите на кралството Зулу – доверени да го одржуваат мирот во земјата.
Почесно доживотно членство во клубот за мотоциклисти на Источниот брег (ноември 2018)
Мотоциклистичкиот клуб Источен брег му додели почесно доживотно членство на Моханџи. Ова беше доделено за неговиот вреден придонес за хуманоста и неуморната работа во ширењето на мирот и позитивноста нa планетата.
Печат на општинскиот округ Хуарокондо (април 2018)
На Моханџи му беше доделен печат на општинскиот округ Хуарокондо во Перу, за неговите несебични и доследни хуманитарни мисии низ светот.