СВЕСНО ОДЕЊЕ

Свесно одење е динамична водена медитација за одење создадена од Моханџи и започната на Меѓународниот ден на јогата, 21 јуни 2015 година. Филозофијата позади Свесното одење е вкоренета во древните ведски и будистички принципи и практики. Оваа едноставна, но многу трансформативна техника е достапна бесплатно и луѓето можат лесно да ја практикуваат и да се прилагодат на животниот стил на Свесното одење без разлика на возраста или полот. Како и со повеќето техники на Моханџи, едноставноста на техниката ја побива нејзината огромна трансформативна моќ.
Зошто да практикуваме свесно одење?
Очите користат голем дел од енергијата на нашиот систем. Осцилирачкиот ум кој патува помеѓу минатото и иднината, ретко запирајќи во сегашноста, троши огромна количина од нашата енергија. Колку повеќе енергија имаме во сегашниот момент, толку подобар квалитет на живот можеме да постигнеме. Кога одиме несвесно, оставајќи ги нашите сетила опуштени, трочиме многу повеќе енергија од вообичаено.
Меѓутоа, во Свесното одење, нашите очи се заглавени на едно стапало пред нас, а нашето внимание останува во нашето поле на аура, т.е. во нашето енергетско поле.
Иако одиме, со очи заклучени во нашето енергетско поле, загубата на енергија се намалува. Кога нашата енергија циркулира во нашето сопствено енергетско поле, ние стануваме целосно енергични и подмладени.
Ако правилно се работи, 30-минутна практика на Свесно одење е исто толку ефикасна како и 3 часовна медитација.
Техника
Чекор 1: Држете го ‘рбетот исправен.
Чекор 2: Држете го вратот благо свиткан.
Чекор 3: Држете ги градите отворени.
Чекор 4: Држете ги вашите рамена исправени.
Чекор 5: Бидете секогаш свесни за вашиот ‘рбет.
Чекор 6: Одете со очите фокусирани една нога пред вашите стапала.

Придобивки
- Ја зголемува рамнотежата и урамнотеженоста во животот
- Ја зголемува енергијата и интегритетот
- Ја намалува анксиозноста и загриженоста
- Присуство на умот
- Подобра јасност и намерност
- Поголем имунитет кон негативностите
- Ја зголемува концентрацијата
- Го намалува гневот, несигурностите и стравовите
Дознајте повеќе
Ако сакате да го гледате Моханџи како зборува за придобивките од Свесното одење, посетете го овој линк. Ако сакате да читате сведочења од практичари од целиот свет, посетете го овој линк. Доколку сакате да научете повеќе за други напредни техники кои ги подобруваат ефектите од Свесното одење, можете да прочитате повеќе на следниот линк. За да ја преземете нашата брошура Свесно одење, кликнете тука.
Нашата глобална заедница постојано расте и моментално е активна во 13 различни земји ширум светот. Свесното одење се спроведува на различни локации низ светот во САД, Канада, Обединето Кралство, Јужна Африка, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Индија, Малезија итн.
Доколку сакате да научите повеќе или имате какви било прашања во врска со Свесното одење, ве молиме контактирајте го нашиот тим за Свесно одење на consciouswalking@mohanji.org.